Македонките идната недела ќе одиграат мечеви со селекциите на Романија, Словачка и на Швајцарија, како подготовка за ЕП 2024 во ноември и во декември, на кое црвено-жолтите се во групата А, со Шведска, Унгарија и со Турција
Селекторот на женската сениорска репрезентација Кристијан Грчевски го објави списокот на 22 ракометарки за подготовките за претстојната национална недела на Европската ракометна федерација (ЕХФ) од понеделник. Македонките во рамките на оваа недела ќе настапат на традиционалниот меѓународен турнир „Трофеј Карпати“ во Романија (од 24 до 27 октомври), каде што ќе одиграат натпревари против селекциите на Романија, Словачка и на Швајцарија. Собирот на репрезентативките е закажан за понеделник, во Скопје.
Македонската селекција се подготвува за седмиот настап на европските првенства (ЕП), чие 16-то издание е во ноември и декември годинава, во Австрија, Унгарија и во Швајцарија, а на кое црвено-жолтите се во групата А, заедно со репрезентациите на Шведска, Унгарија и на Турција.
Состав за турнирот „Трофеј Карпати“: Јована Мицевска (Слатина, Романија), Матеа Чурлиновска (Ѓорче Петров), Драгана Петковска (Салерно, Италија), Јована Саздовска (Слатина, Романија), Сара Ристовска (Рапид Букурешт, Романија), Ивана Гакидова (Слатина, Романија), Ивана Џатевска (Варда Кезилабда, Унгарија), Теодора Дуковска (Чаир), Александра Коловска (Металург), Симона Маџовска (Цвикау, Германија), Сара Миновска (Металург), Катерина Дамјаноска (Ѓорче Петров), Ива Младеновска (Брест, Франција), Ана Марија Коларовска (Ѓорче Петров), Јована Кипријановска (Самбре, Франција), Андреа Седлоска (Локомотива, Хрватска), Бојана Диневска (Чаир), Борјана Коцева (Металург), Марија Јанкуловска (Металург), Сара Стефановска (Јагодина, Србија), Марија Анчева (Астибо), Михаела Кралева (Металург). Г.И.