РАКОМЕТ
- Македонија моментално е трета во групата три, со два бода, и има шанси за пласман на осмо вкупно и трето во низа европско првенство
Селекторот на женската репрезентација на Македонија, Кристијан Грчевски, го објави поширокиот список со 35 ракометарки за решавачките средби за пласман на Европското првенство (ЕП) годинава, со Германија на 8 април во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје (18 ч.) и со Словенија на 12 април на гости. Во составот нема изненадувања, односно ќе бидат истите тие што беа во комбинација и за претходните дуели, со Белгија. Од нив, 13 се интернационалки (три играат во Полска и во Хрватска, две во Романија и по една во Унгарија, Србија, Турција, Чешка и во Франција).
Македонија моментално е на 3. место во групата три, со два бода, и има шанси за пласман на осмо вкупно и трето во низа европско првенство. Четврта е Белгија, исто така со два бода, втора е Словенија со четири, а прва е Германија, која со осум бода веќе обезбеди пласман на ЕП. Двете првопласирани репрезентации од секоја од шесте квалификациски групи и четирите најдобри меѓу третопласираните обезбедуваат пласман на ЕП.
Состав: Андреа Илиќ, Матеа Чурлиноска, Драгана Петковска, Ивана Џатевска, Ангела Јанкуловска, Ивана Арсениевска, Марија Јанкуловска, Ива Младеновска, Ана Марија Коларовска, Марија Гугуљанова, Бојана Коцева, Теодора Дукоска, Катерина Дамјаноска, Леона Миленкоска, Јована Кипријановска, Андреа Седлоска, Борјана Коцева, Емилијана Ристоска, Ивана Гакидова, Таида Беровиќ, Моника Босилковска, Ива Божиновска, Наталија Дишковска, Стефанија Ѓоргиевска, Софи Гошевска, Пена Граматова, Моника Килдан Јанеска, Исидора Котевска, Михаела Кралева, Рона Мифтари, Сара Миновска, Стефани Ристиќ, Сара Ристовска, Сара Стефановска, Анастасија Трпеска. Г.И.































