Ракометната репрезентација на Македонија претрпе два пораза во контролните дуели против Романија одиграни во Браила, при што денеска загуби со 24-28, а вчера со 27-32.
„Црвено-жолтите“ имаа проблем со реализацијата и не водеа ниту еднаш во текот на денешниот меч.
Мартин Серафимов со пет голa беше најфеикасен во македонската селекција, а по четири постигнаа Марко Митев и Жарко Пешевски.
На овие натпревари селекторот Кирил Лазаров не може да смета на Филип Кузмановски, Ненад Костески, Павле Атанасијевиќ и Томислав Јагуриноски.
Натпреварите против Романија во рамки на ЕХФ неделата се дел од подготовките за баражот против Фарските Острови во мај, за пласман на Светското првенство в година.