Tрагедија се случи во македонскиот ракомет кога синоќа почина млад ракометар. Станува збор за 19-годишниот Андреј Петрески, кој беше член на клубот Аеродром.
Петрески кој меѓу соиграчите беше познат по прекарот „штурче“ починал во својот дом.
Македонскиот талентиран ракометар играше на позицијата лево крило и се наоѓаше на поширокиот список на македонската кадетска репрезентација.