Македонската машка ракометна репрезентација одигра две различни полувремиња во дуелот од квалификациите за пласман Европското првенство кое ќе се игра во 2026 година, кој заврши со победа на Словенија со 32-26 (15-16).
Избраниците на Лазаров одиграа фантастично во првото полувреме, но по неколку грешки во нападите и црвениот картон на Карасманакис во продолжението од мечот играта се промени во двата правци. Искусната селекција на Словенија го искористи тоа и успеа во целост да ја преземе иницијативата и контролата врз резултатот.
Најефикасен во македонскиот состав беше капитенот Филип Кузмановски со 10 реализации, пред Марко Митев со пет и Жарко Пешевски со четири гола. Кај гостите, Алекс Влах реализираше десет гола, Блаж Јанц погоди седум пати, а голманот Јоже Базник имаше 12 одбрани.
Шанса за реванш македонскиот национален тим ќе има за четири дена во Копер, во недела, 16 март од 18.30 часот.