ДЕНЕСКА ВО СКОПЈЕ РЕВИЈАЛЕН СПЕКТАКЛ
- Љубителите на ракометот одново ќе имаат можност на теренот да ги видат Лазаров, Миркуловски, Ристовски, Стоилов, Ангелов, Димовски, Ангеловски, Георгиевски, Недановски, Маркоски, Мајнов, Кузманоски, Ѓоргоноски, Манасков, Шундовски, Стојановиќ, Станковски, Царчев, Марковски, Штербик, Карачиќ, Шишкарев, Борозан, Вугринец, Канељас, Чупиќ, Абутовиќ…, а од тренерите Магдинчев, Шундовски, Червар, Вујовиќ…
Под мотото „Легендите на сцена“, денеска (од 19 часот), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе се одржи ревијален ракометен спектакл во организација на Спортско радио 90,3 ФМ, кое годинава слави 20 години од своето постоење. За таа пригода, тие одлучија да организираат ревијален ракометен натпревар на македонските легенди против европските, со многу поранешни познати македонски и странски играчи, но и тренерски ѕвезди, кои играле и воделе клубови еден период во Македонија.
Така, љубителите на ракометот одново ќе имаат можност на теренот да ги видат македонски ракометни легенди, Кирил Лазаров, Филип Миркуловски, Борко Ристовски, Стојанче Стоилов, Петар Ангелов, Ванчо Димовски, Бранко Ангеловски, Гоце Георгиевски, Владо Недановски, Велко Маркоски, Лазе Мајнов, Горан Кузманоски, Горан Ѓоргоноски, Пепи Манасков, Звонко Шундовски, Раде Стојановиќ, Аце Станковски, Александар Царчев, Иван Марковски…
Меѓу интернационалните ракометни легенди што ќе настапат во Скопје се Арпад Штербик, Игор Карачиќ, Данил Шишкарев, Вуко Борозан, Ренато Вугринец, Жоан Канељас, Иван Чупиќ, Илија Абутовиќ и други познати ракометни имиња.
Според најавите, од тренерските имиња ќе присуствуваат Лино Червар и Веселин Вујовиќ, големите ривали од времето на Металург и на Вардар, како и поранешни селектори на Македонија, Ристо Магдинчев, Звонко Шундовски…, а од судиите, Марјан Начевски, Драган Начевски, Славе Николов, Ѓорѓи Начевски…
Интересот за овој ракометен спектакл е голем, а влезниците се продаваат онлајн преку www.ticketx.com.mk и на билетарницата пред салата каде што ќе се игра натпреварот. Г.И.


































