РАКОМЕТ
- Вчера во второто коло Македонија играше со Египет, а денеска ќе се сретне со Грција (16.30 ч.), по што ќе се знае и конечниот победник на турнирот во Охрид
Женската сениорска ракометна репрезентација на Македонија ја победи соодветната селекција на Тунис со 34-27 (15-12) во првото коло на меѓународниот турнир „Трофеј Македонија“ во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, како дел од подготовките за претстојните квалификации за Европското првенство (ЕП) в година. Црвено-жолтите заслужено стигнаа до посакуваната цел со највисока предност од седум гола, со која и заврши натпреварот. Селекторот Кристијан Грчевски им даде шанса на сите ракометарки да влезат во игра и притоа испроба одредени тактичко-технички варијанти.
Кај Македонките најпрецизни беа Емилијана Ризоска и Катерина Дамјановска, кои по шест пати ја затресоа противничката мрежа, а по четири гола реализираа Ива Младеновска, Марија Јанкуловска и Јована Крипријановска.
Во првиот натпревар на првиот ден од турнирот, Грција забележаа победа на дуелот со Египет со 25-22. Вчера во рамките на второто коло Тунис за противник ја имаше Грција, а Македонија селекцијата на Египет. Денеска Египет ќе игра со Тунис (од 14 часот), а Македонија со Грција (16.30 ч.), по што ќе се знае и конечниот победник на турнирот. Г.И.