Фото: Маја Јаневска-Илиева

РАКОМЕТ – ЕХФ ГО ОБЈАВИ РАСПОРЕДОТ НА МЕЧЕВИТЕ

Македонската репрезентација ќе игра на првиот ден на Европското првенство (ЕП) за ракометарки, на 28 ноември годинава, кога ќе се сретне со селекцијата на Шведска, од 20.30 часот, откако претходно ќе се одигра воведниот натпревар на ЕП 2024, помеѓу Унгарија и Турција, во Дебрецин (Унгарија) од 18 часот, пишува Европската ракометна федерација (ЕХФ), која го објави распоредот на натпреварите.
Другите два меча на Македонија во групата А на континенталното првенство се на 30 ноември со репрезентацијата на Турција (од 20.30 часот) и на 2 декември со селекцијата на Унгарија (од 8 часот).
Сите дуели во прелиминарната и во главната рунда почнуваат во 15.30, 18 или во 20.30 часот. Полуфиналињата се од 17.45 и од 20.30 часот, мечот за бронзениот медал од 15.15 часот, а финалето од 18 часот, пишува ЕХФ.
Покрај во Дебрецин, натпреварите по групи на ЕП 2024 ќе се играат и во Базел (Швајцарија) и во Инсбрук (Австрија), а секој град ќе биде домаќин на по две групи. Дебрецин ќе биде домаќин и на натпреварите од главната рунда, заедно со Виена (Австрија). Н.М.