Селекторот Кирил Лазаров ја презема одговорноста за слабите резултати на македонската ракометна репрезентација на Светското првенство 2023 што се игра во Полска и Шведска но изрази надеж за подобра иднина на оваа селекција.
Вечерва „црвено-жолтите“ загубија од Аргентина со 26-35.
– Не сум задоволен од нашите изданија. Можеби сме послаби од трите противници, но сме послаби за десет гола. Прифаќам одговорност. Не знам што се случи со ракометарите. Направивме многу жртва да стигнеме овде. Ова е ново искуство за мене. Треба да се работи многу за да не ни се случи тоа што му се случи на фудбалот, кошарката, одбојката. Имаме многу дебитанти кои не го издржаа притисокот. Сигурно и јас негде погрешив, никој не е безгрешен. Ги разбирам нашите играчи и се надевам дека еден ден ќе го дигнеме нивото, верувам веќе на следното Европско првенство – изјави Лазаров.
Тој им се заблагодари на сите навивачи кои даваа поддршка за македонската репрезентација од трибините во Краков.