Максимално ја респектираме Војводина, но ако бидеме на потребното ниво ќе се отвори можност за изненадување. Европската лига по квалитет е речиси идентично натпреварување како и Лигата на шампионите, што ни дава особен мотив. Истовремено ова ќе биде голем предизвик, особено за младите македонски ракометари и се надевам дека достојно ќе се презентираме. Македонската јавност во следниот период ќе ужива во овие мечеви, а ние како клуб ќе се обидеме да ги оправдаме очекувањата и да го дадеме најдоброто од нас, изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров
РАКОМЕТ – ЛИГА ЕВРОПА
Македонскиот ракометен вицепрвак Алкалоид, денеска (20.45 ч.), во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, ќе биде пред голем предизвик, откако во рамките на Лигата на Европа ќе ги одмери силите со шампионот на Србија и освојувач на Купот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), Војводина.
– Ова е историски натпревар за нас. Очекувам квалитетен меч и се надевам дека играчите ќе одговорат на предизвикот. Максимално ја респектираме Војводина, но ако бидеме на потребното ниво ќе се отвори можност за изненадување. Војводина е победник на третото европско натпреварување на ЕХФ, а за да се победи во кој било европски куп треба да се биде исклучително квалитетен. Европската лига по квалитет е речиси идентично натпреварување како и Лигата на шампионите, што ни дава особен мотив. Истовремено ова ќе биде голем предизвик, особено за младите македонски ракометари и се надевам дека достојно ќе се презентираме. Во групата се уште и дански Силкеборг и шпанска Ла Риоха, екипи што имаат традиција во Европа и освојуваат медали. Македонската јавност во следниот период ќе ужива во овие мечеви, а ние како клуб ќе се обидеме да ги оправдаме очекувањата и да го дадеме најдоброто од нас – изјави тренерот на Алкалоид, Кирил Лазаров, на вчерашната средба со новинарите.
Билетите за натпреварот Алкалоид – Војводина се пуштени во продажба преку продажната мрежа на „МКТикетс“ и чинат 100 и 150 денари. Г.И.