• Натпреварот на 21 март во Брегенц е дел од подготовките за бараж-двомечот во мај со Украина или со Словачка за пласман на СП 2027

Селекторот на машката репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, го објави списокот со 19 ракометари за пријателскиот натпревар на 21 март со Австрија, за време на неделата на Европската ракометна федерација (ЕХФ). Лазаров собирот на репрезентативците го закажа за вторник, а за овој пријателски дуел од 19-те ракометари (11 од Алкалоид, четворица од Еурофарм Пелистер и еден од Вардар), само еден е интернационалец, голманот Мартин Томовски од германски Битигхајм. Во составот нема да бидат искусни играчи, како голманот Никола Митревски, пикерот Жарко Пешевски, бековите Никола Маркоски, Мартин Серафимов, а во репрезентативниот дрес се враќа пикерот на Вардар, Милан Лазаревски.
Натпреварот во австрискиот град Брегенц (од 18 часот) е дел од подготовките на репрезентацијата за бараж-двомечот во мај со Украина или со Словачка за пласман на Светското првенство (СП) в година.
Состав: голмани: Мартин Томовски (Битигхајм, Германија), Марко Кизиќ (Алкалоид), Иван Галевски (Алкалоид). Крила: Никола Костески (Алкалоид), Ненад Костески (Алкалоид), Петар Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Иван Џонов (Алкалоид). Бекови: Марко Митев (Алкалоид), Дамјан Митев (Алкалоид), Мартин Ивановски (Алкалоид), Филип Николов (Алкалоид), Мартин Велковски (Алкалоид), Филип Кузмановски (Еурофарм Пелистер), Павле Атанасијевиќ (Еурофарм Пелистер), Емилијан Ѓоргоски (Алкалоид). Пикери: Марко Стојковиќ (Алкалоид), Милан Лазаревски (Вардар 1961), Самоил Ристевски (Еурофарм Пелистер) и Михаил Аларов (Алкалоид). Г.И.