Евидентно е дека треба да учиме уште многу, кажа селекторот Кирил Лазаров по вечерашниот пораз на Македонија против Црна Гора од 24-28, во мечот од второто коло на Европското првенство во ракомет.
– Направивме толку многу грешки, што не можевме ниту да ги изброиме. Играчи, кои играат во силни клубови, кои имаат клучни улоги, не смеат да си дозволат такво нешто. Дојде до психолошка блокада, каде што бевме речиси немоќни – порача Лазаров, кој ја пофали и поддршката од навивачите во арената „Феникс“ во Дебрецин.
Разочарување од поразот изрази и искусниот Филип Миркуловски.
– Факт е дека сме поквалитетни од Црна Гора, ама фаворитите не победуваат секогаш. Не може со одење и со стоење да победиме! Трениравме добро, ама нешто не трениравме, а тоа е, душа и срце – рече Миркуловски.
Македонија в понеделник игра против Данска во последниот меч од групната фаза на ЕП.