Фото: „Нова Македонија“

РАКОМЕТ

  • Нашата цел сега е добра подготовка за континенталниот собир. Оваа Македонија на секое следно првенство оди напред. Овие млади играчи поминаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на своите екипи, вели капитенот Филип Кузмановски. Македонија неделава ќе одигра два тест-меча со Јапонија, во пресрет на ЕП 2026

Селекторот на машката ракометна репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров, вчера напладне го имаше првиот собир на репрезентативците во рамките на неделата на Европската ракометна федерација, кога се предвидени пријателски средби со Јапонија, како подготовка на црвено-жолтите за Европското првенство (ЕП), во јануари в година.
– Нашата цел сега е добра подготовка за континенталниот собир. Оваа Македонија на секое следно првенство оди напред. Овие млади играчи поминаа долго време заедно и сите созреваат во лидери на своите екипи. Сите треба да нѐ сфатат сериозно, имаме многу квалитетни играчи и веруваме во системот. Имаме што треба да покажеме, а главното е како треба да се игра за Македонија – вели капитенот Филип Кузмановски.
Дуелите со Јапонија се в четврток во Скопје (од затворен тип) и в сабота, во Куманово (отворен за јавноста).
– Јапонија е селекција што играше на Олимписки игри. Нема да пробуваме нешто специјално, меѓутоа ќе им дадеме можност и на некои помлади ракометари. Деновите максимално ќе ги искористиме со пет тренинзи и два натпревара. Нема да бидат многу физички тешки, ќе бидеме насочени на детали – изјави селекторот Лазаров. Г.И.