Македонија ја победи Словачка (27-26), загуби од Швајцарија (26-27), и славеше над Косово (33-24), доволно за втората позиција

РАКОМЕТ – КВАЛИФИКАЦИСКИ ТУРНИР ВО СКОПЈЕ

Машката ракометна кадетска репрезентација на Македонија (до 18 години) се пласира на Европското првенство (ЕП), кое ќе се одржи во Црна Гора, во август годинава. Тоа е епилогот на квалификацискиот турнир од групата Б, кој се одигра во салата „Автокоманда“ во Скопје. Предводени од селекторот Наум Танески, македонските надежи, прикажувајќи храбра и борбена игра, во конкуренција на четири селекции го освоија второто место со четири бода. Покрај Македонија, на ЕП ќе патува и Швајцарија како првопласирана во Скопје.
Македонија ја победи Словачка (27-26), потоа со ист резултат загуби од Швајцарија (26-27), а во третиот меч славеше над Косово (33-24). Швајцарија, покрај Македонија, ги совлада Косово (33-19) и Словачка (29-25) освојувајќи шест бода. Словачка, пак, освои два бода, победувајќи го само Косово (33-22), додека со три порази и без освоен бод заврши Косово, кое во сите три дуели прими по 33 гола. Најдобра гол-разлика оствари Швајцарија (плус 19 гола), потоа Македонија (плус девет), Словачка (плус шест), додека само Косово имаше негативна разлика од 34 гола. Г.И.


Табела, група Б

Швајцарија 3 3 0 0 89-70 6
Македонија 3 2 0 1 86-77 4
Словачка 3 1 0 2 84-78 2
Косово 3 0 0 3 65-99 0