На завршниот турнир повторно ќе настапат Магдебург и Барселона, кои триумфираа во 2023 односно 2024 година
РАКОМЕТ – ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Ракометарите на шпанска Барселона и германски Магдебург се преостанатите два клуба што се квалификуваа на завршниот фајнлфор-турнир во Лигата на шампионите (ЛШ), кој традиционално ќе се игра на 14 и 15 јуни во Келн, Германија. Каталонците загубија на свој терен од унгарски Сегед со 29-30 во реваншот од четврт-финалето во ЛШ, но ќе патуваат во Клен, оти на првиот дуел на гости славеа со 27-24. Најефикасен кај Сегед беше Себастијан Фримел со 10 гола, додека кај Барселона се истакна Дика Мем со шест погодоци.
Магдебург го победи минимално со 28-27 унгарски Веспрем во возвратниот дуел од четврт-финалето во ЛШ. Бундеслигашот обезбеди пласман на завршниот турнир бидејќи во првиот меч беше нерешено, 26-26. Најефикасен играч кај Магдебург беше Феликс Клар со седум гола, а кај домаќинот Лудовик Фабрегас, кој седум пати ја затресе противничката мрежа. Како што е познато, претходно француски Нант и германски Фуксе Берлин се квалификуваа на фајналфорот во Келн. Барселона ќе ја брани титулата освоена лани, а од тој завршен турнир во 2024 година повторно ќе биде присутен и Магдебург, кој, пак, триумфира во 2023 година.
Вчерашната ждрепка сакаше во полуфиналето да играат Фуксе Берлин-Барселона и Нант-Магдебург Г.И.