РАКОМЕТ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЛИГАТА НА ЕВРОПА

Во седиштето на Европската ракометна федерација, Виена, беа извлечени двојките за второто квалификациско коло за Лигата на Европа, откако во конкуренција останаа 24 екипи што ќе играат за 12 места во групната фаза од натпреварувањето, каде што, пак, 12 екипи добија директно место. Групната фаза треба да почне на 19 октомври. За ждрепката не се применуваше правилото да не играат меѓу себе тимови од иста земја, па така ќе има данска и шпанска пресметка, ГОГ – Морс, односно Ла Риоха – Адемар Леон. Првите мечеви би требало да се играат на 21 септември, а реваншите седум дена подоцна. Македонија има еден претставник во ЛЕ, Еурофарм Пелистер, кој доби директно место во групната фаза. Двојки, 2. квалификациско коло: Левен – Бенфика, Валур – Лемго, Силкеборг – Нексе, Ла Риоха – Адемар Леон, Ним – ЦСКА Москва, Тулуз – Малме, Азоти Пулави – Фуксе Берлин, Арендал – Екс Прованс, ГОГ – Морс, Кадетен – Гранољерс, Висла – Констанца и Спортинг – Холстебро. Та.Д.