По Хрватска Шпанија е вториот сигурен учесник во полуфиналето на европското првенство во ракомет, продолжувајќи го досегашниот стопроцентен учинок.
Шпанците и покрај изедначеното прво полувреме на крајот успеаја комотно да слават против Белорусија со резултат 37:28.
Анхел Фернандез и Фернан Соле ја предводеа шпанската репрезентација со по 7 голови а Микита Ваилупаи беше најпрезицен кај Белорусите со 8 голови.
И покрај поразот Белорусија се уште има математичка шанса да го продолжи настапот со мечот за 5-то и 6-то место останувајќи во трката за место во олимписките квалификациски турнири.
Во среда Хрватска и Шпанија ќе го одиграат последниот меч од првата група, на кој Шпанците и со нерешен резултат ќе продолжат во полуфиналето како првопласирани во групата.