Три скопски екипи и КЛ7 Струга ќе разигруваат за титулата шампион на Македонија
Школата за ракомет на капитенот, КЛ7 Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на школите на Кирил Лазаров низ Македонија, КМГ СПОРТ, се домаќини на овогодинешниот завршен турнир во ракомет за момчиња родени 2002 година и помлади. Овој викенд, поточно в сабота (6 април), во најракометниот град во земјава, Струга, ќе се одржи завршницата во пионерското државно првенство, чиј регуларен дел заврши пред десетина дена, во организација на Ракометната федерација на Македонија. Најдобрите четири екипи од регуларниот дел ќе разигруваат за титулата.
Четирите натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за трето и прво место, ќе се играат во спортската сала „Тими”. На фајналфорот ќе учествуваат три екипи од Скопје – ракометните клубови Алушовски, Металург и Шампион, како и организаторот на турнирот КЛ7 Струга. Со цел задоволување на стандардите за организација на ваков тип на настани и преставување во вистинско светло, домаќинот мобилизираше голем тим. Со полна пареа се завршуваат последните подготовки околу организацијата на фајналфор-турнирот, со дополнителен мотив, по освоеното трето место на КЛ7 Струга во младинска конкуренција изминатиот викенд.
Распоред на натпревари
10.30 ч. КЛ7 Струга – РК Алушовски
12 ч. РК Металург – РК Шампион
16.30 ч. Натпревар за трето место
18 ч. Финален натпревар
Церемонија на прогласување