Во рамките на 24-то коло од женската супер лига ракометарките на Куманово денеска на домашен терен загубија од екипата на Вардар со 24:48 (10:23) со што го доживеаја и деветтиот пораз сезонава.

Денешниот нетпревар кој инаку невообичаено се одигра денеска точно напладне со оглед на јачината на екипите очекувано помина во апсолутна доминација на шампионската екипа на ЖРК Вардар која што во текот на целиот натпревар имаше целосна контрола врз играта и врз резултатот па на крајот сосема заслужено стигна до уште една лесна и убедлива победа во домашното првенство.

Од друга страна пак младите ракометарки на Куманово и покрај очигледната разлика во квалитетот меѓу двете екипи и покрај високиот пораз на денешниот натпревар во моментот го пружија својот максимим а на денешната средба како мала утеха и мала сатисфакција против шампионската екипа на Вардар успеаја да постигнат дури 24 голови.

Најефикасни ракометарки на натпреварот кај Куманово беа Тамара Ивановска со 7 и Викторија Пеовска со 5 голови додека пак во победничката екипа на Вардар, Теодора Керамичиева со 11 и Леонида Гичевска со 9 постигнати голови.

Т.Д.