Во рамките на 3-то коло од плејофот ракометарките на Куманово синоќа на домашен терен ја совладаа екипата на ЖРК Пелистер со 33-27 (17-13), со што и понатаму останаа во трката за освојувањето на шампионската титула.
Кај Куманово најефикасни ракометарки беа Сања Дабевска со седум и Боризовска со шест гола, додека кај Пелистер предничеа Ангела Јанкуловска и Ивона Груевска со
по девет реализирани удари.
Сите мисли на ракометарките на Куманово се насочени кон дерби-мечот во следното коло, против водечката екипа на табелата и еден од најсериозните кандидати за освојувањето на шампионската титула, ЖРК Металург, во Скопје. Т.Д.