Фото: Маја Јаневска-Илиева

Ракометарите и фудбалерите покажаа дека сѐ е можно и дека со борбена и со пожртвувана игра секој противник е совладлив, вели селекторот Симовски, пред бараж-двомечот со Романија за пласман на СП

РАКОМЕТ

Селекторот Симе Симовски го објави списокот на ракометарки на кои ќе смета за бараж-двомечот со селекцијата на Романија, за пласман на Светското првенство во Шпанија годинава. На списокот на Симовски има 35 ракометарки, од нив 20 интернационалки. Првиот натпревар е закажан за 17 април во Букурешт, а реваншот за пласман на СП треба да се игра на 21 април во спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје.
– Спроти себе ќе имаме доста силен и квалитетен противник, но не се предаваме. Ракометарите и фудбалерите покажаа дека сѐ е можно и дека со борбена и со пожртвувана игра секој противник е совладлив. Ја анализиравме играта на Романија, ја анализиравме и нашата игра, па заедно со стручниот штаб секојдневно вадиме заклучоци и забелешки, на кои треба да обрнеме внимание на подготвителните тренинзи, за максимално подготвени да влеземе во двомечот и на терен да го извадиме најдоброто од нашиот тим – изјави Симовски.

Список на ракометарки: Драгана Петковска, Матеја Серафимова, Јована Мицевска, Амра Илјаз, Марија Јовановска, Јована Саздовска, Марија Тасевска, Мила Трајковиќ, Сара Миновска, Сара Ристовска, Симона Гроздановска, Ива Божиновска, Теодора Дукоска, Елена Ливриниќ, Ангела Јанкуловска, Милица Николиќ, Андреа Седлоска, Симона Стојковска, Дајана Јовановска, Зорица Десподовска, Симона Стојановска, Габриела Величковска, Александра Бризовска, Мила Ѓорѓиевска, Леонида Гичевска, Елена Ѓеоргиевска, Јована Кипријановска, Ивана Џатевска, Ивана Гакидова, Сања Дабевска, Моника Јанеска, Тамара Ивановска, Марија Николовска, Катерина Дамјановска, Марија Николиќ.