Марјан Велевски од Гренобл специјално за „Нова Македонија“
Ракометарите на Металург вечерва се поразени во четвртиот натпревар од подготовките во Франција, од екипата на Ним, петтопласирана во тамошното првенство со резултат 26-31 (13-21).
Металург одигра многу подобар натпревар од синоќешниот меч со Екс ан Прованс и доживеа пораз од само пет голови, иако во еден момент, во 37-та минута, се доближи до два гола разлика 22-24.
Но, по ова домашните судии имаа неколку контроверзни одлуки, тоа го искористија домашните играчи и направија недостижна разлика.
Најдобар кај Металург беше голманот Мартин Томовски со 14 одбрани, додека во нападот посебно се истакна Мице Шилегов со седум голови.
До крајот на подготовките Металург треба да одигра уште еден натпревар, и тоа утре со екипата на Сан Рафаел.