Ракометната федерација на Македонија денеска ја исплати премијата од 40.000 евра на машката сениорска репрезентација за пласманот на Светското првенство, кое в година ќе се одржи во Данска и во Германија.
Македонија успешно ги помина бараж натпреварите со Романија. Македонските ракометари остварија убедлива победа од 32:24 на првиот натпревар во Скопје, но и покрај минималниот пораз во реваншот на гостувањето во Клуж со 26:25, македонската репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство.
За македонските ракометари ова ќе биде шесто учество на светските првенства по настапите во Египет (1999), Хрватска (2009), Шпанија (2013), Катар (2015) и Франција (2017), а вкупно единаесетто учество на големите натпреварувања.
Светското првенство во Данска и Германија ќе се игра во периодот од десетти до 27 јануари 2019 година, а Македонија натпреварите од групната фаза ќе ги игра во Минхен, Германија, каде за противници ќе ги има репрезентациите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и Јапонија