Македонскиот ракометен репрезентативец Борко Ристовски, кој последните две сезони играше во Барселона, потпиша договор со екипата Бенфика и ќе биде голман на тимот од Лисабон. Според португалските медиуми, тој ќе потпише едногодишен договор.
– Доаѓам тука со надеж дека ќе му помогнам на клубот да освои повеќе титули. Бенфика е голем клуб, ми се допадна презентираниот проект. Ги гледав натпреварите на Спортинг и на Бенфика и мислам дека можеме да се бориме за титулата. Ако не верував дека Бенфика може да биде шампион, немаше да бидам овде – изјави Ристовски при презентацијата на „Стадио де луж“ во Лисабон.
Ристовски претходно беше дел од Вардар, Металург, Теукро, Алгесирас, Гумерзбах, Ал Агли, Кретеј и бундеслигашот Рајн Некар Левен.