Францускиот ракометен гигант ПСЖ, македонскиот првак Вардар и полскиот вицепрвак Висла го задржаа победничкиот ритам и во 3-то коло од Лигата на шампионите (ЛШ) и со максимален ефект од три победи се на врвот на табелите во групите А, Б и Д.
Избраниците на Раул Гонзалез имаа лесна задача на гостувањето во Загреб, каде што убедливо славеа со 32-21. Вардар првпат го „нокаутира“ Веспрем на гостински терен сo 27-25, додека, пак, полска Висла славеше убедливо над финскиот првак Кокс, со 34-18. Лесна победа во гости забележа и шпанска Барселона над Кристијанстад, со 44-25. На гостинска победа се радуваа и турски Бешикташ и дански Силкеборг. Турскиот првак со пресврт дојде до триумф над Чеховски Медведи, од 24-22, а Силкеборг го изненади португалски Спортинг со 35-32.
До нови бодови стигнаа германскиот вицепрвак Левен, кој го совлада белоруски Мешков со 33-27, и романски Динамо, со минималната победата над швајцарски Вакер Тун од 35-34. Во синоќешните дуели од 3-то коло од ЛШ победата беше императив дури за шест екипи (Монпелје, Нант, Запорожје, Целје, Металург и Елверум), кои сѐ уште ја немаат почувствувано сласта на победата.