Ракометарите на Пролет со двоен пораз се збогуваа од Купот на ЕХФ, откако во Чешка доживеаја два пораза од Баник Карвина. Во првиот меч одигран во саботата загубија со 22-26, додека во вториот, одигран вчера, скопјани беа поразени со 25-32.
Избраниците на тренерот на Пролет, Никола Матлиески, немаа сили да направат пресврт во вториот меч од објективно посилниот противник, кој по првото полувреме водеше со високи 20-9.
За Пролет ова беше прв настап во Купот на ЕХФ, а вкупно четврти на европските ракометни терени, откако претходно во три наврати беше дел од Челинџ-купот.