Вардар го доживеа вториот пораз во Лигата на шампионите (ЛШ) сезонава, откако во Скопје беше поразен од Барселона со 26-30 и моментно е четврти во групата А со 10 бода, колку што имаат и Левен и Киелце. На врвот се издвоија Шпанците со 12 бода.
Вардар и по ова коло ја задржа најдобрата одбрана со вкупно 185 примени гола во групите А и Б, а во нападот досега реализира 199 погодоци . За споредба со лани, а по одиграна половина од мечевите по групи (седум), Вардар имаше 13 бода и беше сам на врвот. Неговата гол-разликата изнесуваше плус 27, имаше помалку примени голови, вкупно 162 (23 по меч), но затоа сега има повеќе постигнати голови. Црвено-црните ќе бидат пред тежок испит и во 8-то коло (в сабота), бидејќи повторно ќе ги одмерат силите со Барселона, но сега на гости.