РАКОМЕТ

Португалецот Улисис Рибеиро е шестото засилување на ракометниот клуб Металург за новата сезона, со што клубот од Автокоманда продолжува со екипирањето на својот состав.
Португалското лево крило Рибеиро (30 години, 181 см, 76 кг) потпиша договор на две години со Металург и е замената за Милан Поповиќ, кој по завршувањето на договорот замина во романското првенство, информира Металург.
Рибеиро, кој одлично се снаоѓа и на позицијата среден бек, кариерата ја почна во Сао Бернардо, од каде што замина во Мадеира и таму играше до минатата сезона, кога се пресели во екипата на Хари ап од холандското првенство.
Претходно Металург ги ангажира бековите, браќата Кевин и Оливие Њокас, пикерот Костадин Петров, средниот бек Бобан Каковски и голманот Димитар Бардаковски.