За годинава кандидати се Роберто Гарсија Парондо, Николај Јакобсен, Кристијан Берге, Талант Душебаев и Маик Мачула
Деветта година по ред ракометниот портал „Планет-хендбал“ го организира изборот за најдобар тренер за годината. По предлог на 22 спортски новинари од 20 земји од светот, кои ќе бидат вклучени во гласањето и во изборот, петчлената листа со кандидати за најдобар тренер за 2019 година ја сочинуваат тренерот на Вардар од минатата сезона и актуелен селектор на Египет, Роберто Гарсија Парондо, потоа ланскиот тренер на Левен и селектор на Данска, Николај Јакобсен, селекторот на Норвешка, Кристијан Берге, тренерот на Киелце, Талант Душебаев, како и кормиларот на германскиот првак Фленсбург, Маик Мачула.
Покрај новинарите, право на глас во изборот на најдобриот тренер за годината што изминува ќе имаат и љубителите на ракометот, кои до 6 декември ќе можат да гласаат на официјалната интернет-страница на порталот.
Минатогодишен добитник на наградата во изборот на „Планет-хендбал“ беше тренерот на Монпелје, Патрис Канаје.
ПРЕТХОДНИ ТРЕНЕРИ НА ГОДИНАТА
2011 Дагур Сигурдсон (Фуксе Берлин)
2012 Алфред Гисласон (Кил)
2013 Алфред Гисласон (Кил)
2014 Љубомир Врањеш (Фленсбург)
2015 Клод Онеста (Франција)
2016 Дагур Сигурдсон (Фуксе Берлин)
2017 Раул Гонзалес (Вардар, ПСЖ)
2018 Патрис Канаје (Монпелје)
2019 ?