Пелистер убедливо го победи Вардар со 31-22 за да го освои Суперкупот на Македонија и да најави возбудлива домашна ракометна сезона.
Вардар почна подобро и имаше предност од 7-4, но потоа следуваше израмнето прво полувреме, пред Пелистер со серија од 5-1 да стекне водство кое го сочува до крајот на мечот. Битолчани на тој начин по три сезони го освоија Суперкупот.
Најпрецизен кај Пелистер беше Стипе Мандалиниќ со шест гола пред Јосип Периќ со пет погодоци, додека кај Вардар се истакнаа Тимур Дибиров со седум и Филип Талески со пет реализирани удари.
Капитенот на Вардар Стојанче Стоилов доби црвен картон во второто полувреме откако го удри противничкиот ракометар Немања Обрадовиќ.