Репрезентацијата на Норвешка го освои бронзениот медал на Европското првенство во ракомет, откако со доминантна игра ја победи Словенија со 28-20, во мечот за третото место. Ова е прв недал од европските првенства за Норвешка.
Словенија на овој меч само еднаш имаше предност, 2-1 на самиот почеток, а продолжението на средбата им припадна на Норвежаните кои на полувреме имаа водство од три гола. Во вториот дел Словенците не можеа да го испратат темпото што го наметнаа Норвежаните, чија предност растеше до максимални девет гола.
Мечот го обележаа голманите на двете репрезентации Бергеруд (Норвешка) и Ферлин (Словенија) со по 14 интервенции. Најефикасни кај Норвешка беа Јондал со седум, Бјорнсен со пет, односно Сагосен и Јоханесен со четири гола. Словенија ја предводеа Бомбач со пет и Мацковшек со четири гола.
Финалето на Европското првенство помеѓу Хрватска и Шпанија ќе се одигра утре од 16.30 часот.