Македонската женска младинска репрезентација одигра епизодна улога во групната фаза на ЕХФ-шампионатот, Б-дивизијата за ракометарки до 19 години, и не успеа да обезбеди пласман во полуфиналето на турнирот.
Македонија славеше победа само во дуелот против Грузија (29-15), а загуби од Швајцарија (22-34) и од Литванија (21-22).
Избраничките на селекторката Јулијана Црвенковска не одиграа онака како што се очекуваше од нив. Лошата организација на играта и слабата реализација во нападот беа најголемата пречка младите македонски ракометарки да не направат чекор повеќе кон пласманот во завршницата.
По поразот од Литванија, Македонија остана на два бода во групата Б, освојувајќи го третото место, кое ја носи во натпреварите за пласман од петтата до осмата позиција на шампионатот.
Денешен противник на Македонија ќе ѝ биде Косово.