Металург го доби трикратниот шампион на Словенија, Горење Велење, за противник во третото коло од Купот на ЕХФ, како резултат на ждрепката за континенталното ракометно натпреварување влечена во Виена.
Горење се приклучи во второто коло од Купот на ЕХФ, во кое лесно ја елиминира Металопластика од Србија, со две победи 32-24 и 32-29, за вкупни 64-53.
Словенците ќе бидат домаќини на првата средба која ќе се игра на 16/17 ноември, додека реваншот во Скопје ќе се игра една недела подоцна.