Бранителот на трофејот Металург го совлада Еурофарм Пелистер 2 со 29-26 во денешното полуфинале од групата А во ракометниот Куп. Екипата од Автокоманда против Работнички ќе се бори за учество на завршниот турнир, откако Работнички беше подобар од КЛ7 со 33-31.
Ракометарите на Охрид славеа против Струга со 22-17 за да се пласираат во финалниот дуел од групата Г, во кој ќе се сретнат против победникот од мечот Бутел – Јуниор Кисела Вода кој е во тек. Победникот од средбата Бутел – Јуниор Кисела Вода ќе биде домаќин на утрешното финале закажано од 17 часот.
Поради обврските на Еурофарм Пелистер во Лигата на Европа, полуфиналните мечеви во групата Б ќе се играат утре. Пролет ќе го пречека Прилеп (17 ч.), а Младост ќе му биде домаќин на Еурофарм Пелистер (19 ч.). Финалето во групата Б ќе се игра задутре, а домаќин ќе биде победникот од дуелот помеѓу Пролет и Прилеп.
Вардар го завери местото на фајналфор-турнирот, кој треба да се игра од 21 до 23 мај.