РАКОМЕТ – ОД ДЕНЕСКА ДО НЕДЕЛА

Како дел од завршната фаза од подготовките за новата сезона, ракометарите на Металург во следните три дена ќе бидат дел од меѓународниот турнир „Андреас Папастаматис“, во Атина, по покана од организаторот на турнирот, грчкиот шампион АЕК. На турнирот ќе настапат и кипарскиот првак Сабианко Анортозис Фамагуста и вицепрвакот на Грција, Диомидис Аргос.

Турнирот ќе се игра според принципот секој со секого, а победник ќе биде екипата со најмногу освоени бодови. Металург во 1-то коло игра денеска со Анортозис (19 часот), утре е средбата со Диомидис Аргос (17 ч.), а в недела и мечот со АЕК (18 ч.).
Како дел од подготовките за новата сезона, Металург беше дел од турнирот Струга 2021, на кој го освои петтото место, а одигра и неколку контролни натпревари со екипи од домашното првенство, кое почнува за седум дена. Металурзите ќе ја почнат сезоната на 8 или на 9 септември на домашен терен, со меч против Тинекс Пролет.