Ракометарите на Металург го минаа првото коло во Лига Еропа. Металург вечерва доживеа пораз од Спачва во Винковци 29:25, меѓутоа во наредната рунда одат благодарение на победа од седум гола разлика пред една недела во Скопје.
Избраниците на Зоран Кастратовиќ во ниту еден момент не им дозволија на ракометарите на Спачва да ја загрозат нивната предност од првиот меч. Најчесто Спачва имаше предност од еден гол.
Конечниот резултат Спачва го обезбеди во последните минути од натпреварот.
Канкараш и Мариќ со пет, односно четири гола беа најефикасни во редовите на Металург.