Прва победа на ракометарите на Металург на турнејата во Франција. На силниот меѓународен турнир „Masters de Handball“ во Гренобл, Металург го совлада домашниот претставник, екипата на Гренобл, организатор на туртнирот со 27 : 26.
Металург одигра натпревар со многу грешки, што е разбирливо бидејќи е почеток на подгототвките, но сепак успеа да одигра колку што му беше доволно за победа.
Најефикасни во нашата екипа беа Шпенде со 5 гола, Шилегов со 4 , а по 3 гола дадоа Маџовски, Токиќ и Пучник. Во првото полувреме добро бранеше Данаиловски, а во второто Томовски.
Утре Металург во финалето, за првото место ќе се бори со победникот од натпреварот помеѓу францускиот Истр Прованс ХБ и шпанската екипа Ирун Бидасоа.
Специјално за „Нова Македонија“ од Франција, Марјан Велевски