Сигурен и успешен почеток на годинашната сезона во машката Суперлига имаа ракометарите на Металург, Радовиш и на Пролет. Првиот тим на Металург беше супериорен на дуелот со Металург 2, откако без многу напор и со преполовен состав, без интернационалците, забележа рутинска победа со 37-30.
Победнички сезоната ја почнаа и ракометрите на Радовиш, кои предводени од искусниот Ивица Илиев (15 гола) славеа сигурна победа со 32-28 над Вардар јуниор. Во дерби-дуелот на 1-то коло помеѓу Пролет и Охрид, поголем мотив, концентрација и желба за победа имаа ракометарите на Пролет, кои и покрај фаворитската улога на противникот, не дозволија да бидат надиграни на домашен терен. Пролет славеше со 21-19. Дуелот Пелистер – Бутел треба да се игра денеска.