Македонските претставници ги добија ривалите во Лигата на Европа
Металург ќе биде дел од групата А на новоформираната Лига на Европа во која ќе игра против шпанскиот Адемар Леон, полската Висла Плоцк, рускиот Чеховски Медведи, францускиот Тулуз и австрискиот Фиверс. Еурофарм Пелистер се најде во групата Д, заедно со унгарска Татабања, швајцарскиот Кадетен Шафхаузен, германскиот Рајн-Некар Левен, данскиот ГОГ Гудме и словенечкиот Тримо. Ова е резултат од денешното влечење на ждрепката за групната фаза на Лигата на Европа.
Натпреварувањето почнува на 20 октомври, а до крајот на годинава ќе бидат одиграни шест кола, додека преостанатите четири рунди се закажани за февруари и март в година.
Група А: Металург, Адемар Леон, Висла Плоцк, Чеховски Медведи, Тулуз, Фиверс
Група Б: Ним, Динамо Букурешт, Татран, Фуксе Берлин, Спортинг, Кристијанштад
Група Ц: Магдебург, Алингсас, Бешикташ, Монпелје, Нексе, ЦСКА Москва
Група Д: Еурофарм Пелистер, Татабања, Кадетен, Рајн Некар, ГОГ Гудме, Тримо