Викендов што е зад нас се одржа првиот меѓународен турнир за млади категории “КЛ7 2020″, чиј домаќин и организатор беше ракометниот клуб КЛ7. На истиот учествуваа пет клуба со осум екипи во две категории: 2002 и помали, 2004 и помали.
Во салата „Арихиепископ Доситеј“ во Општина Кисела Вода беа присутни дел од најдобрите во младински ракометни категории во Македонија, клубови кои работат во создавање на играчи, од кои еден ден некои од нив ќе бидат носители на националниот дрес. Неколкумина од учесниците на турнирот веќе се наши репрезентативци, што е сонот на секој ракометар, да се биде дел од татковинската ракометна армија на терен. Турнирот беше добра можност да се види кој како напредува, работи, да се спроведат практично и да се споредат „изучените лекции” . Се одиграа 12 натпревари, систем секој со секого во групата, со што се стигна до најуспешните.
Најдобрите добија плакети кои им беа доделени од страна на менаџментот на РК КЛ7 и КМГ Спорт агенција, на која и припадна задачата логистички да го реализира турнирот. Признанијата на најуспешните голмани им ги врачи градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски, а на најдобрите стрелци, Кирил Лазаров.
Генерација 2004 го имаше следниот пласман
1. РК Металург 2. РК КЛ7 3 РК Вардар
Најдобар голман: Иван Галевски (РК КЛ7)
Најдобар стрелец: Славчо Шулески (РК КЛ7)
Најдобар играч: Андреј Стојановски (РК Металург).
Генерација 2002 и помали
1. РК КЛ7
2. РК Металург
3. РК ПИК Сегед (Унгарија)
Најдобар голман: Марк Бицок (РК ПИК Сегед),
Најдобар стрелец: Емилијан Ѓорговски (РК КЛ7),
Најдобар играч: Стефан Додиќ (РК Металург).