Подмладената женска репрезентација на Македонија пружи силен отпор против Црна Гора на гостувањето во Никшиќ, но не успеа да направи изненадување и загуби со 30-31 во дуелот од Еврокупот на ЕХФ. Црногорките славеа со 29-21 и на првиот дуел одигран во Скопје во четвртокот.
На полувреме беше нерешено 16-16, додека во вториот дел Црна Гора направи серија од шест гола за да поведе со 27-21, по што Македонија стигна до негатива од еден гол, но не и да израмни.
Јанкуловска со осум гола беше најефикасна кај Македонија, додека Радичевиќ забележа девет погодоци за противникот.
Женската репрезентација в март в година ќе одигра двомеч против Словенија во следните дуели од Еврокупот.