Македонија во групата Б во Скопје денеска игра со Фарските Острови, в среда со Холандија и в четврток со Косово. Во групата А се Исланд, Полска, Белорусија и Финска. Вкупниот победник на првенството обезбедува место во дивизијата А

РАКОМЕТ – МЛАДИНСКИ ШАМПИОНАТ НА ЕХФ, ДИВИЗИЈА Б

Македонската младинска репрезентација за ракометарки до 19 години, под водство на селекторот Љубомир Савевски, почна со убедлива победа со 38-29 (17-12) над селекцијата БиХ на шампионатот на Европската ракометна федерација (ЕХФ), дивизија Б, кој се одржува во СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, до 18 јули.
Во дуел во кој победата воопшто не беше доведена во прашање, најдобри стрелци беа левото крило Сара Миновска (прогласена за ракометарка на средбата) со 10 гола, сите од игра, Ана Марија Коларовска постигна осум, Ангела Јанкуловска седум, Емилијана Ризоска шест… Кај БиХ најпрецизна беше Елена Ципетиќ со осум погодоци.
Македонија вчера беше слободна, а денеска игра против Фарските Острови, в среда со Холандија и в четврток со Косово. Сите мечеви Македонија ги игра од 20.30 часот.
На шампионатот учествуваат девет репрезентации поделени во две групи, во А се Исланд, Полска, Белорусија и Финска, а во групата Б се Македонија, Холандија, Фарски Острови, Косово и БиХ. Првите две селекции од двете групи ќе се пласираат во полуфиналето. Вкупниот победник обезбедува место во дивизијата А.