Ракометната репрезентација на Македонија славеше на гостувањето против Финска со 27-22, благодарение на цврстата игра во одбрана во второто полувреме од квалификацискиот меч за пласман на Европското првенство (ЕП) в година. „Црвено-жолтите“ го задржаа противникот на осум постигнати голови во вторите 30 минути.
Македонските ракометари го скршија отпорот на Финците со серија од четири гола помеѓу 45-та и 51-та минута, кога стекнаа предност до 22-19. Претходно домаќинот имаше водство во поголемиот дел од средбата, кое изнесуваше три погодоци во првото полувреме.
Капитенот и селектор Кирил Лазаров и Филип Кузмановски беа најефикасни кај Македонија со по шест реализирани удари беше најефикасен кај Македонија, а кај домаќинот се истакна Макс Гранлунд со шест постигнати погодоци. Финскиот голман
Македонија има осум бода од пет одиграни средби, со што моментно го зазема првото место на табелата во групата 7, а потоа следуваат Данска со шест, Швајцарија со четири и Финска која без бодови. Швајцарија и Данска од 18.30 часот го играат нивниот меч од 5-то коло. Македонија во последниот меч од квалификациите ја пречекува Швајцарија во СЦ „Јане Сандански“ в недела.
Пласман на ЕП 2022 ќе обезбедат двете најдобропласирани репрезентации од секоја од осумте групи, како и четири најдобри меѓу третопласираните селекции во групите.