Македонската ракометна репрезентација извојува значајна победа на гостувањето кај Турција од 26-25, со која обезбеди пласман на Европското првенство 2020.

Лазаров со седум гола беше најефикасен во нашата репрезентација, Талески постигна пет гола. Во составот на Турција Пеливан даде десет гола, а одличен меч имаше и нивниот голман Озмосул со 16 интервенции. Нашите голмани имаа вкупни десет интервенции, Ристовски четири и Митревски шест.
 
Со оваа победа го заверивме пласманот на Европското првенство 2020 година. Македонија во последното коло в недела во Струмица ќе ја пречека Грција, меч на кој победа ќе значи освојување на првото место во квалификациската група.