Женската ракометна репрезентација на Македонија обезбеди учество во баражот за пласман на Светското првенство во Шпанија кое ќе се одржи годинава, откако убедливо ја совлада Литванија со 31-21 во вториот меч од квалификацискиот турнир во Скопје.
Избраничките на Симе Симовски вчера беа подобри од Исланд со 24-17, со што е извесно дека ќе бидат меѓу најдобрите две селекции во групата 2.
Македонија го доби првиот дел против Литванија со 15-12, додека во второто полувреме ја зголемуваше предноста и оствари рутински триумф.
Сара Ристовска беше најефикасна кај Македонија со осум гола, додека Симона Стојковска постигна пет погодоци.
Македонија утре ќе игра против Грција (од 17 часот) во СЦ „Борис Трајковски“.