Ракометната репрезентација на Македонија немаше решение во одбраната за расположената Шведска, која славеше со 32-20 во вечерашниот меч од групата Г на Светското првенство во Египет.
Избраниците на Данило Брестовац играа рамноправно во првите 15 минути кога резултатот беше 9-9, но противникот потоа направи серија од пет гола, користејќи ги грешките на Македонија за да организира брзи напади. Скандинавците на полувреме имаа водство од 16-11 на полувреме. Шведска подобро го отвори и второто полувреме зголемувајќи ја предноста на десет гола, што беше доволно за на крајот да триумфира. Во завршницата од мечот прилика добија помладите македонски ракометари.
Најефикасен кај Македонија беше капитенот Кирил Лазаров со пет гола, a петмина ракометари по двапати се запишаа во листата на стрелците, додека кај Швеѓаните се истакна Хампус Ване со 11 погодоци.
Македонија задутре ќе игра против домаќинот Египет (18 часот), а в понеделник (15.30 ч.) противник на ќе ѝ биде селекцијата Чиле, против која „црвено-жолтите“ забележаа две победи во контролните мечеви одиграни за време на подготовките во Скопје.