Фото: Маја Јаневска-Илиева

Следни на листата на ИХФ како резервни репрезентации се селекциите
на Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина и на Србија

РАКОМЕТ

На 36 дена до почетокот на 27-то Светско првенство (СП) во ракомет за мажи, пандемијата на коронавирусот ја натера Светската ракометна федерација (ИХФ) да направи список на резервни селекции за настап на Светското првенство во Египет во јануари 2021 година, доколку некоја од оние репрезентации што обезбедија место, евентуално, го откаже настапот на Мундијалот.
Според критериумот на ИХФ, македонската машка ракометна репрезентација го доби статусот на прва резерва, како најдобропласирана селекција на Европското првенство што годинава се играше во Австрија, Норвешка и во Шведска, која не обезбедила пласман на Светското првенство.
Следни на листата на Светската ракометна федерација како резервни репрезентации се селекциите на Швајцарија, Холандија, Црна Гора, Украина и на Србија, кои се пласираа од 16-то до 20-то место на континенталното првенство годинава. 


РЕЗЕРВНИ СЕЛЕКЦИИ ЗА НАСТАП НА СП 2021

1. Македонија
2. Швајцарија
3. Холандија
4. Црна Гора
5. Украина
6. Србија