Фото: Маја Јаневска-Илиева

За квалификациските дуели со Финска и со Швајцарија

На поширокиот список на селекторот има 26 ракометари од домашното првенство и деветмина интернационалци

Селекторот на македонската репрезентација, Кирил Лазаров, го објави поширокиот список на ракометари од кој ќе го состави тимот за мечевите со Финска и со Швајцарија, со кои завршуваат квалификациите за пласман на Европското првенство (ЕП) 2022 што ќе се игра во Унгарија и во Словачка.

Во досегашните четири одиграни квалификациски дуели Македонија забележа три победи, над Финска (33-24) Швајцарија (25-23) и над Данска (33-29), како и еден пораз од Данска (37-21).

На поширокиот список на селекторот Лазаров има 26 ракометари од домашното првенство и деветмина интернационалци.

Првиот меч се игра в среда (28 април) на гости кај Финска, а на 2 мај Македонија ќе биде домаќин на Швајцарија.

ПОШИРОК СПИСОК НА РАКОМЕТАРИ

ГОЛМАНИ: Никола Митревски, Мартин Томовски, Марко Кизиќ, Васил Гогов, Андреј Петковски.

КРИЛА: Дејан Манасков, Бојан Маџовски, Цветан Кузмановски, Иван Димитровски, Дарко Кондев, Гоце Георгиевски, Ненад Костески, Мартин Поповски, Томислав Јагуриновски.

БЕКОВИ: Филип Талески, Филип Кузмановски, Филип Миркуловски, Дејан Кукуловски, Емилијан Ѓорговски, Горан Крстевски, Марко Мишевски, Кирил Лазаров, Игор Ѓоргиев, Михајло Младеновиќ, Марко Стојковиќ, Давид Савревски, Павле Анастасијевиќ, Марко Митев, Мартин Серафимов, Мартин Велковски.

ПИКЕРИ: Стојанче Стоилив, Жарко Пешевски, Никола Марковски, Михаил Аларов, Кристијан Симоновски.