Пролет беше на прагот целосно да го изненади клубот од Автокоманда во 3-то коло од машката Суперлига
Со гол во последната секунда од натпреварот, ракометарите на Металург успеаја да освојат бод на гостувањето кај Пролет (26-26), во меч од 3-то коло во машката Суперлига, играјќи нерешено 26-26 (13-15). Стрелец на израмнувачкиот гол беше Грузиецот Иракли Кбијашвили, кој практично со звукот од сирената поентираше.
Металурзите одлично го започнаа натпреварот, имаа сигурна игра и предност од четири гола (8-4), но по тајмаутот на домашната екипа, улогите на теренот се сменија. Пролет ја презеде иницијативата и заигра многу поборбено во одбраната, а конечните 26-26 беа осмо изедначување на резултатот во текот на мечот. Мице Шилегов со пет гола беше најефикасен во редовите на Металург, а по седум реализации на спротивната страна впишаа Ласко Андоновски и Филип Василевски.
Бутел е единствената екипа со максимален ефект од три победи по три одиграни кола и е на челната позиција на табелата, откако на гостувањето кај Вардар јуниор славеше со 31-26. Пелистер на Охрид му се спротивстави само во првите 30 минути, а во продолжението охриѓани го засилија темпото и славеа со 25-19. Победа забележаа и ракометарите на Радовиш, кои на домашен терен славеа над Струга со 29-27. Мечот меѓу Работнички и Металург 2 е одложен за в среда.
Резултати 3-то коло
Пролет – Металург 26-26
Пелистер – Охрид 19-25
Вардар.Ј – Бутел 26-31
Радовиш – Струга 29-27
Работнички – Металург 2 (
среда 16 ч.)
ТАБЕЛА
1. Бутел 3 3 0 0 9
2. Металург 3 2 1 0 7
3. Пролет 3 2 1 0 7
4. Охрид 3 2 0 1 6
5. Радовиш 3 2 0 1 6
6. Пелистер 3 1 0 2 3
7. Струга 3 0 1 2 1
8. Работнички 2 0 1 1 1
9. Металург 2 2 0 0 2 0
10. Вардар Ј 3 0 0 3 0
Следно коло: Охрид – Радовиш, Струга – Вардар јуниор, Металург 2 – Пелистер, Пролет – Работнички, Металург – Бутел.