Според гласовите, најдобрата постава на деценијата ја сочинуваат тројца Французи, двајца Шпанци и по еден Македонец, Германец и Данец

ИЗБОР НА „ПЛАНЕТ ХЕНДБАЛ“

Францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ го понесе епитетот „најдобар ракометар во последната деценија“ во изборот што го спроведе престижниот ракометен портал „Планет хендбал“, а капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров е прогласен за најдобар десен бек и е во идеалниот тим на деценијата.

Според гласовите на стручното жири, најдобрата постава на деценијата ја сочинуваат тројца Французи, двајца Шпанци и по еден Македонец, Германец и Данец. Во тој тим се голманот Тери Омејер (Франција), левото крило Уве Генсхајмер (Германија), левиот бек Микел Хансен (Данска), централниот бек Никола Карабатиќ (Франција), десниот бек Кирил Лазаров (Македонија), десното крило Лук Абало (Франција), пикерот Хулиен Агинагалде (Шпанија) и дефанзивецот Виран Мороз (Шпанија).

Дел од стручното жири што гласаше во изборот на најдобрите беа ракометните тренери и легенди Мартин Швалб, Дагур Сигурдсон, Антонио Карлос Ортега, Урош Зорман, Марсин Лијевски, Тијери Анти, Веселин Вујовиќ, Драган Шкрбиќ, Енрик Масип, Штефан Кречмар, Сергеј Рутенка, Бертран Жил и Ларс Кристијансен. 


НАЈДОБАР ТИМ НА ДЕЦЕНИЈАТА (2011-2020)
ПОЗИЦИЈА РАКОМЕТАР (КЛУБ, ЗЕМЈА)
голман Тиери Омејер (пензиониран, Франција)
лево крило Уве Генсхајмер (Левен, Германија)
лев бек Микел Хансен (ПСЖ, Данска)
централен бек Никола Карабатиќ (ПСЖ, Франција)
десен бек Кирил Лазаров (Нант, Македонија)
десно крило Лук Абало (Елверум, Франција)
пикер Хулен Агинагалде (Бидасоа Ирун, Шпанија)
дефанзивец Виран Морос (ПСЖ, Шпанија)

Фото: Игор Бансколиев